Адел облече фустан од пред четири години, сега „виси“ на неа ФОТО

1,657

Британската пејачка Адел (32) ги изненади своите фанови со неверојатната трансформација, откако ослабе повеќе од 40 килограми. Таа се присетила како изгледала пред неколку години, па го облекла фустанот со потпис на „Клои“ што го носела пред четири години, во времето кога мака мачела со килограмите.

Таа пуштила снимка на телевизија од музичкиот фестивал во Гластонбери, каде за првпат го носела.  Фустанот ѝ прилега сосема поинаку, а заради големото губење на тежината, сега малку „виси“ на неа.






Фотографиите собрале повеќе од четири милиони лајкови, а нејзините обожаватели овој пат ѝ порачаа дека би сакале да ги слушнат нејзините нови песни. Тие шпекулираат дека Адел наскоро ќе објави нов албум. Тие ја замолија да им каже кога ќе објави, а таа им одговори:

„Коронавирусот сè уште не е завршен, а јас сум во карантин. Носете маска и бидете стрпливи.“

 

Foto: Pixsell/Instagram

Поврзани содржини