Д-р Скано: Важни се податоците за смртноста, но не е многу важна споредбата со другите држави

Секоја држава е различна, имаат различни начини за одредување на причината за смртта, а треба и да се види како епидемијата се пренесувала во другите земји - изјави денеска д-р Фабио Скано.

622

Македонија е многу  транспарентна за споделување на информациите за луѓе кои починале од ковид-19,  а тоа  е од помош, бидејќи ни помага да научиме повеќе за болеста. Важно е да нагласиме дека не треба да се споредувате со други – податоците за смртноста се важни, но не е многу важно да се прави споредба со другите држави. Секоја држава е различна, имаат различни начини за одредување на причината за смртта, а треба и да се види како епидемијата се пренесувала во другите земји – изјави денеска д-р Фабио Скано, советник од СЗО за Европа, одговарајќи на новинарско прашање за тоа по кои параметри се пресметува бројот на смртни случаи и дали нашата земја е  најлоша во регионот.

 

Поврзани содржини