Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас

Сега предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд во Скопје, а пред првостепениот суд го водеше судијката Марија Клетничка Марковска.

1,560

Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда за Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан за нелегално изградените куќи во Општина Зелениково, потврдуваат од второстепениот суд.

Oслободителната пресуда наводно е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба. Предметот е вратен на повторно судење, и по правило треба да го почне истиот судија.






Сега предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд во Скопје, а пред првостепениот суд го водеше судијката Марија Клетничка Марковска.

Инаку, предметот „Тревник“ е еден од двата предмети на СЈО во кои е опфатен Латас. Другиот е „Топлик“ и тој се однесува на даночно затајување, но за него не е донесена пресуда.

Поврзани содржини