Лукаревска: Ќе водиме безбедна кампања, по строги протоколи

196

СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ја започнуваат здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори. Пред сѐ, СДСМ ќе води безбедна кампања, по строги протоколи со кои го штититме здравјето на граѓаните бидејќи тоа е наш приоритет, порача од Гази Баба, Сања Лукаревска, носителката на пратеничката листа на втората ИЕ.

– За само три години СДСМ и владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата.  Направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат. Од изолирана држава станавме земја членка на НАТО и ги отворвме вратите на ЕУ – изјави Лукаревска.






Лукаревска кажа дека од економија во минус Владата предводена од СДСМ обезбедила солиден и постојан економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност. Таа смета дека успешно се справуваме и со здравствените и економските ефекти на коронавирусот.

– Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места, да се зајакне приватната потрошувачката и куповната моќ на граѓаните со ниски примања  – рече Лукаревска.

Лукаревска најави дека коалицијата „Можеме” направила понуда која обезбедува план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, дека подготвиле мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

Поврзани содржини