Медарски ќе го тужи Милошоски, за „Дијаверум“ знаел само од медиумите

Би сакал да ја информирам јавноста дека разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик.

1,312

Адвокатот Филип Медарски најави тужба против Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и демантира дека имал контакт со „Дијаверум“. Тој потенцира декаобјавената снимка се однесува на неговиот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ:

– Би сакал да ја информирам јавноста дека разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик.Ова не е прв, ниту единствен мој ангажман за оваа фирма, мојата соработка со неа датира години пред тоа. Спротивно на она што го тврди Антонио Милошоски, во мојот ангажман нема ништо спротивно на законите и професионалната етика. Заради тоа, тој ќе биде тужен за клевета и вистинитоста на своите тврдења ќе мора да ги докаже на суд – вели во демантот Медарски.






Тој додава дека фирмата ”Дијаверум” му е позната само од медиумите и никогаш немал било каков контакт со неа или било која друга компанија од областа на дијализата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук денес сподели аудио-снимка, на која наводно е гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев.  Во разговор со засега непознат соговорник наводно Дончев зборува за случајот Дијамед за кој има
кривична пријава во која се зборува за рекетирање.

Во објавата Милошоски на Фејсбук напиша:

– Ден Дончев во разговор со Венко Филипче открива дека е во координација со Заев за рекетирањето на една фирма.., а Медарски, адвокатот на ЗЗ е целосно во тек!

 



 

Поврзани содржини