Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со една порака, овој пат имаме избор помеѓу измамите на Заев и можноста државата да тргне напред
Доколку се земе искуството од контроверзниот референдум и гласањето за 3 секунди во некои избирачки места сметам дека државната зборна комисија и Министерството за внатрешни работи навистина ќе треба да поведат многу посериозна сметка заедно со членовите на избирачките одбори овој пат гласањето да биде регуларно - вели Милошоски.
На денешната прес-конференција, Антонијо Милошоски беше запрашан каква кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе води, колку таа ќе биде црна кампања како што ја велат, може ли да се очекува уште вакви бомби, кога ќе ја претставите програмата? Каков ќе ви биде концептот?
– Програмата ќе ја претставиме на самиот ден на почетокот на кампањата за да биде се согласно со прописите кои ги определува ДИК. ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со една порака, овој пат имаме избор помеѓу измамите на Зоран Заев и можноста државата да тргне напред. Тоа ќе биде нашата порака до граѓаните бидејќи забележуваме дека многу граѓани кои во 2016 година очекувале од Заев некакви промени денес се срамат што Заев воопшто бил премиер на оваа држава, затоа што излажа за Уставот, излажа за економијата, излажа за образованието, излажа за висината на платите, а се занимава со мито, корупција, судови, обвинителства, притвори и рекетирање. Таков премиер на оваа држава не и треба, на оваа држава и треба премиер кој ќе направи развоен концепт и каде што напредокот и животниот стандард секоја година ќе стануваат подобри, а владеењето на правото ќе има одредени европски критериуми. Тоа ќе биде нашата кампања – одговори Милошоски.
Тој исто така беше запрашан дали ќе веруваат на резултатите на изборите ако се гласа три дена и гласачките ливчиња ќе се чуваат три дена имајќи предвид претходни искуства.
– Доколку се земе искуството од контроверзниот референдум и гласањето за 3 секунди во некои избирачки места сметам дека државната зборна комисија и Министерството за внатрешни работи навистина ќе треба да поведат многу посериозна сметка заедно со членовите на избирачките одбори овој пат гласањето да биде регуларно. Не само заради една друга или трета политичка партија туку затоа што од Европската Унија веќе има најава од еден амбасадор преку неговото интервју дека за три четири влијателни земји членки на Европската Унија начинот на спроведувањето на изборите и нивната регуларност може да биде еден од критериумите од кои што ќе зависи дали Македонија ќе направи еден чекор напред кон почеток на преговорите за членство. Затоа апелираме до сите политички партии до сите избирачки одбори најмногу до владејачката коалиција како луѓе кои што имаат најголема моќ и одговорност до ДИК и Министерството за внатрешни работи да имаме максимално фер и демократска кампања и никој да не помислува да фалсификува или да прави било што за време на овие три дена на гласање – рече Милошоски.