Русија ги ограничи летовите до Европа заради коронавирусот

279

Русија од 13 март ги ограничува летовите до и од Франција, Шпанија, Германија и Италија заради коронавирусот, соопшти Оперативниот штаб за борба со ширењето на заразата, пренесоа руските медиуми.

– Од полноќ на 13 март 2020 година привремено го ограничуваме патничкиот воздушен сообраќај од и до територијата на Италија, Германија, Шпанија и Франција,  се наведува во соопштението на оперативниот штаб.






Исклучок ќе бидат редовните летови од Москва до Рим, Берлин, Минхен, Франкфурт, Мадрид, Барселона и Париз, што ќе се реализираат преку меѓународниот аеродром Шереметјево (терминал F). Освен тоа, исклучок ќе бидат и чартер летовите од и до овие држави и граѓаните кои се враќаат во Русија.

Поврзани содржини