Премиерот на Киргистан поднесе оставка поради скандалот со продажба на радиофреквенции

„Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните“, нагласи премиерот во соопштение.

548

Премиерот на Киргистан, Мухамедкали Аблгазиев, денеска поднесе оставка поради скандал со владината продажба на радиофреквенции.

„Во денешните тешки услови, кога земјата се соочува со опасност од коронавирусот и се бори со економски последици, Владата мора да работи стабилно и да ужива целосна доверба на граѓаните“, нагласи премиерот во соопштение. Тој негираше дека е вмешан во скандалот.






Аблгазиев е премиер од 2018 година.

Поврзани содржини