35 мигранти откриени кај граничниот премин Ново Село

242

Во првите часови на 10 мај, односно во 01:00 часот утринава на влез во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и три од Сирија). Истиот ден, во 08.00 часот кај Кванташки пазар во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица откриле тројца мигранти од Пакистан.

Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини