„Медена земја“ го отвори фестивалот во Словенија

Манифестацијата кој има 22-годишна традиција требаше да се одржа уште во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложен за јуни. 

419

Со проекцијата на македонскиот документарец „Медена земја” беше отворен Фестивалот на документарен филм во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Манифестацијата кој има 22-годишна традиција требаше да се одржа уште во март, но поради епидемијата на коронавирусот беше одложен за јуни.






Телевизија Словенија објави и прилог за Фестивалот, ставајќи посебен акцент на „Медена земја”, опишувајќи го како документарец кој секој треба да го гледа. Во продолжение се зборува за сите награди кои ги доби филмот, вклучително и наградата за најдобар документарен филм на Санденс фестивалот.

Поврзани содржини