Владата закажа седница во 14 часот
Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.
Владата денеска во 14 часот ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.
Како што е наведено во владиното соопштение, на седницата ќе се разговара за предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и за предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија. За заклучоците од седницата ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување“, се вели во најавата.