Милошоски за Заев: Колку треба да си нечовек да лажеш дека вирусот слабее и да туркаш за избори?

И притоа да лажеш како ти се заразил партискиот потпретседател, напиша Милошоски на Твитер.

914

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, реагира на јавното обраќање на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради тоа што тој рече дека вирусот ковид-19 слабее.

„Само за два дена има 151 новозаразен и 9 починати луѓе. Колку треба да си нечовек во ваква ситуација да го лажеш народот дека вирусот слабее и да ги туркаш гласачите во корона-избори!?
И притоа да лажеш како ти се заразил партискиот потпретседател!“, напиша Милошоски на Твитер.






Поврзани содржини