Српските медиуми уште пред две недели пишуваа дека имало голема расправија меѓу Северина и Игор Којиќ, а после тоа Северина ги спакувала торбите и се вратила во Загреб. Причината, според Информер, е расправија околу базенот во куќата на Кеба, кој пејачката сакала да го реновира.
– Побара да купи голема гарнитура и лежалки за дворот за да може да се сонча и да се слика за Инстаграм. Таа, исто така, имаше забелешки за базенот на Кеба, па предложи да го реконструираат, да стават нови плочки и да го наполнат со морска вода. Тогаш пукна филмот на Којиќ“, изјавил извор за „Информер“.