Се тестираа фудбалерите на Шкендија и Ренова
Резултатите од испитувањата ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.
Тестирања за ковид -19 денес беа извршени за фудбалери на двата тетовските прволигаши Ренова и Шкендија. На фудбалерите им беа земени брисеви согласно протоколите за испитување на болеста. Испитувањата ги организира синдикатот на фудбалери на Македонија во соработка со приватна здравствена установа Аџибадем Систина.
– Се прават тестови на вкупно 41 човек, сите фудбалери, стручен штаб и администрација. Се надеваме дека нема да има позитивни со цел што подобро да се подготвиме за продолжувањето на сезоната во јуни – изјави Фисник Нухи, спортски директор на ФК Ренова.
Резултатите од испитувањата ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.