Дали ЕЦБ е подготвена да ја отвори печатницата за пари?

Индексот на потрошувачките цени покажува минимален раст, а економијата на Стариот континент паѓа во подлабока рецесија.

356

Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од пред четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот прогнозираат нов монетарен стимул од Европската централна банка, пренесува „Блумберг“.

Индексот на потрошувачките цени покажува минимален раст, а економијата на Стариот континент паѓа во подлабока рецесија. Наспроти ова, економистите анкетирани од „Блумберг“ очекуваат ЕЦБ да објави нова серија вонредни набавки на хартии од вредност.






Поголемиот дел од нив очекуваат зголемување на стимулациите од најмалку 500 милијарди евра, што значи дека нивниот вкупен износ за оваа година ќе достигне 1,6 трилиони евра.

Податоците за годишната инфлација во еврозоната, која достигна ниво од само 0,1% во април, беа објавени денес. Само цените на храната пораснаа повеќе, главно заради тешките напори за време на карантинот, но во исто време цените на енергијата паднаа за дури 12% – нивниот најсилен пад за една деценија.

Евентуалното зголемување на директните набавки на обврзниците од финансиските пазари ќе ја зајакне улогата на ЕЦБ во економското закрепнување на европската економија по кризата.

Покрај тоа, таа ќе обезбеди еден вид „плафон“ на каматните стапки на државните хартии од вредност – нешто важно, наспроти позадината на амбициозниот план на Европската комисија за издавање пан-европски заем за обврзници.

Досега макроекономските податоци ги потврдуваат мрачните прогнози на претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард. Таа предвидува дека економијата во еврозоната ќе се намали за меѓу 8% и 12% во 2020 година.

Повеќето економисти анкетирани од „Блумберг“ очекуваат програмата за директни набавки на обврзници да продолжи и во 2021 година.

Поврзани содржини