Во план од 500 чекори ќе се закрепнува руската економија
Како што рече премиерот Михаил Мишустин, целиот план за закрепнување на руската економија мора да се спроведе до крајот на 2021 година.
Руската влада претстави план за економско закрепнување поради пандемијата на коронавирусот, кој се состои од девет целини и предвидува 500 различни чекори.
Како што рече премиерот Михаил Мишустин, целиот план за закрепнување на руската економија мора да се спроведе до крајот на 2021 година.
– Главната цел на овој план е да се зголемат приходите на граѓаните на Руската Федерација, да се намали невработеноста, да се обезбеди стабилен економски раст благодарение на примената на најмодерните видови технологија, како и да се искористат сите потенцијали на пазарот на трудот – рече тој.
Мишустин исто така истакна дека е неопходно да се развие потенцијалот на извозот, но и активно да се работи на замена на увозот со домашно производство.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека треба да се подготви национален план за закрепнување на економијата која претрпе загуби заради воведувањето рестриктивни мерки поради ширење на коронавирусот.
Според наредбата на рускиот претседател, руската влада требаше до 1 јуни да го претстави овој план.