Владика Јоаникиј: Ѓукановиќ ни понуди да се ликвидираме!
Владиката Јоаникиј додава и дека Ѓукановиќ сака да ѝ диктира на СПЦ, иако не е крстен, ниту, пак, како што вели, Уставот тоа не му го дозволува.
Мило Ѓукановиќ ни понуди да се ликвидираме самите себеси и да ја избришеме својата историја. Тоа што ни го понуди не е само прашање на име. Кога некому се менува името, тогаш се менува и неговиот идентитет, неговата историја и сè од темел. Ние добивме повик од претседателот на Црна Гора сами да се согласиме на бришење на историјата и на канонската традиција.
Ова за „Спутник“ го вели епископот Јоаникиј од СПЦ, откако Ѓукановиќ побара од Српската православна црква да се направи „црква за сите православни верници во Црна Гора“, бидејќи во спротивно ќе биде направена црква на националните Црногорци.
– Господинот Ѓуканови ќе ги гледа литиите кои се случија во Црна Гора поради дискриминацијата врз СПЦ, црква која едноставно никого не исклучува и го прифаќа секој верник. СПЦ не брише ниту една националност и не повредува ничие национално чувство. Господинот Ѓукановиќ како да не знае дека водечката епархија во Црна Гора се вика Митрополија црногорско-приморска. Не постои ниту еден Србин во Црна Гора кому му пречи називот „црногорска митрополија“ или Црна Гора. Но, може да се најде Србин кому му пречи кога на името Црна Гора се додава некој проусташки елемент – објаснува г. Јоаникиј.
Владиката Јоаникиј додава и дека Ѓукановиќ сака да ѝ диктира на СПЦ, иако не е крстен, ниту, пак, како што вели, Уставот тоа не му го дозволува.
Инаку, епископот Јоаникиј неодамна беше приведен заедно со уште неколку свештеници, но пред десетина дена сите беа ослободени.