Ана Калисони Булгари, една од наследничките на италијанската јувелирска династија „Булгари“, светски познаата по изработката на скап и уникатен накит, починала во петокот во градот Априлија близу Рим, во 93-тата година од животот, потврди во неделата портпаролката на семејството.
Името на Ана Булгари ги полнеше насловните страници во 1983 година, кога таа и нејзиниот син Џорџо, тогаш на 17-годишна возраст, беа грабнати од семејниот имот. Киднаперите ги држеа во заточеништво со недели на планина, пред да ги ослободат откако за нив беше платена откупнина.
Киднаперите на тогашниот тинејџер му отсекле дел од увото и го испратиле до семејството Булгари, за да го принудат што побрзо да го плати откупот.
По овој настан, за кој медиумите своевремено пишуваа дека има и идеолошка заднина, Ана Булгари живееше многу повлечено. Нејзиниот починат сопруг од 2001 година, генералот Франко беше градоначалник на Априлија.
Италијанката јувелирска компанија „Булгари“ во 2011 година беше купена од француската компанија ЛВМХ – „Луј Витон Моет Хенеси“.