Каде исчезна Игор Којиќ? Северина се забавува на роденден во Загреб ФОТО

4,331

Хрватската пејачка Северина Којиќ сè уште не се огласува за својот брак со Игор Којиќ, кој според пишувањата на српските медиуми е толку во криза што тој поднел барање за развод.

Наместо тоа, Северина јавно му го честитала роденденот на својот ПР Давор Гргин, кој организирал прослава во познат ресторан во Загреб.






Меѓу гостите биле славните хрватски личности Тања Драговиќ, Сања Дуган, Љупка Гојиќ Микиќ, Ива Радиќ, но и Северина, која го зграпчила микрофонот на прославата.

Таа на гостите им го отпеала хитот „Пријатели“, додека сите ја снимале. Нејзината внука Миа Поповиќ дојде на прославата со неа.

Додека Гргин ги дувал свеќите на роденденската торта, Северина му ја пеела „Морски вук“.

– Колку се сум се смеела со тебе и колку се радувам секој пат кога ќе те видам … Затоа што некои луѓе мора да се сакаат. Среќен роденден, пријателе – му порачала пејачката на Гргин со четири досега невидени фотографии.

 

seve

seve

FOTO: Instagram

Поврзани содржини