СДСМ нема да организира митинзи и ќе ги почитува ги сите препораки на здравствените институции одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
– Најнапред секако дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија максимално ги почитува препораките на здравствените власти и ќе ги почитува и во иднина. Ова е убава можност и добро прашање за еве и пред јавноста , пред граѓаните да одговориме во однос на митинзите дека СДСМ нема да организира митинзи во текот на оваа кампања, секако почитувајќи ги препораките на здравствените власти. Во делот на тоа како би ја воделе кампањата, како би ги претставувале нашите кандидати секако и програмата, фокус ќе биде ставен на медиумското претставување преку онлајн видео настани и секако имаме различни видови на дигитална комуникација. Единствено нешто на кое што може да сметаме и да размислуваме во периодов е организирање на мали средби, секако согласно протоколите и максимално почитување на препораките на здравствените власти – одговори Костадинов.