Популарната мексиканска актерка Селма Хаек (53) го восхити обожавателите на социјалните мрежи со фотографијата што ја објави на Инстаграм.
Една од најубавите холивудски актерки на возраст од 53 години изгледа беспрекорно, а следбениците се воодушевени од природниот изглед на Селма.
На фотографијата, сексапилната латино-ѕвезда позира во вода, без грам шминка на лицето, а како изгледа во шестата деценија во животот.
– Кога ќе ги погледнам фотографиите од моите 30-ти или 40-ти години, се гледам себеси како многу поубава отколку што мислев во тоа време. Се критикував многу себеси. Сега кога ќе се погледнам во огледало, тоа се, всушност, недостатоците што не ги гледам сега и се прашувам колку ќе се сакам себеси за 10 години – додала таа.
Хајек последните два месеци е изолирана во нејзиниот дом во Лондон со сопругот Франсоа – Анри Пино (57) и ќерката Валентина Палома (12).
„Прекрасни сте и одвнатре и однадвор“, „Ми се допаѓа што објавувате вистински, природни фотографии“, „Вие сте навистина најубавата жена “, коментираа фановите под објавата.
Во галеријата погледните ги нејзините жешки фотографии од карантинот.