ДУИ бара за трипати да се зголемат тестирањата за коронавирусот

484

Демократската унија за интеграции, на прес – конференција која ја одржа дебарскиот градоначалник, Хекуран Дука побара за трипати да се зголемат тестирањата за новиот вирус за побрзо да се вратиме во нормала и да избегнеме друг бран.

– Како што знаете, Дебар беше општина која мораше да ја води најтешката битка против ковид-19. Ние искусивме како е да си изолиран не само дома, туку и од остатокот на земјата. Но, со одговорно правување, со строго следење на препораките и ограничувањата и со помош на нашите медицински
сестри, нашите лекари, невладини организации и на многу други лица кои беа ангажирани за обезбедување и снабдување со храна, лекови и други потребни производи, ја добивме оваа битка.Од 13 април, во Дебар нема веќе Корона, немаме ниту еден позитивен случај во нашата општина. Како градоначалник сум горд и благодарен на сите што нè поддржуваа, а исто така и на нашите граѓани, кои мораа да бидат многу издржливи и покажаа многу трпеливост и одговорност – рече Дука.






Дисциплината, одговорноста и истрајноста, додаде градоначалникот, се причините на успех во борбата против короната, но исто така и масовното и стратешкото тестирање.

– Како што рече вчера Али Ахмети, ние сме во војна против невидлив непријател. Дозволете ми да додадам, дека тестирањето е единствениот начин да се претвори овој непријател во видлив и успешно да се бориме против него. Да, успешно го истераме вирусот од Дебар и од целата земја, и се чини дека го надминавме пикот. Сега е време да најдеме начин да се вратиме во нормалност – порача Дука.

Тој изјаи дека досега имаме направено 19.739 тестови , со 16.94 позитивни случаи.

– Дури и ако бројот на тестови во земјава се зголеми во текот на последните денови, тоа е поради тоа што ДУИ инсистира на оваа барање во Владата, и треба да продолжи со зголемување на бројот на тестови уште повеќе и веднаш. Ние треба да бидеме на врвот во регионот и меѓу најдобрите во Европа. Како идна кандидат за членка на ЕУ, веќе мора да се однесуваме како земја членка на ЕУ, или и подобро. Ова значи дека ние мора барем трипати да го зголемиме бројот на тестови по глава на жител и на неделно ниво. Како прв чекор, потребни се најмалку 500 теста на ден, а потоа бргу да се достигне бројката од 750 теста на ден – рече Дука.

Тој вели дека тестирањето е единствениот начин да се претвори „непријателот“ во видлив и успешно да се бориме со него. Тој предлага да не се тестираат само граѓани со симптоми и оние што биле во контакт со заразени, туку редовно да се прават тестови и на репрезентативен примерок од населението за да се добие јасна слика за развојот на состојбата.

– Ни требаат периодични примероци од фабриките и другите места, каде што многу луѓе работат заедно. Зголемување на тестовите базирано на сериозна стратегија е клучно во борбата против вирусот, но и за укинувањето на ограничувањата и враќањето во нормалност што е можно поскоро. Професионалното следење треба да се комбинира со хигиенски мерки и самоодговорност за да се спречи ново проширување по укинувањето на ограничувањата. Тоа е единствениот начин да ги заштитиме нашите граѓани и економијата. Никој не би имал корист од укинување на ограничувањата, доколку дојде до друго избувнување и ќе мораме повторно да затвориме сè – вели Дука.

 

Поврзани содржини