Њујорк истражува случаи на 100-тина деца со симптоми налик на Кавасаки болест

Куомо побара сите болници при тестирањето на Ковид-19 да дадат предност на децата кои покажуваат такви симптоми.

241

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомo изјави дека се истражуваат околу сто случаи на синдром кој ги погодува крвните садови и органите и има симптоми слични на Кавасаки болест и токсичен шок. Таков инфламаторен синдром, поврзан со коронавирусот, е откриен кај стотина деца во американската сојузна држава Њујорк, од кои три починаа.

Куомо побара сите болници при тестирањето на Ковид-19 да дадат предност на децата кои покажуваат такви симптоми.






Во градот Њујорк, каде се пријавени најмалку 52 случаи на деца со такви симптоми, градоначалникот Бил де Блазио ги повика вчера родителите веднаш да консултираат педијатар ако нивните деца имаат симптоми кои вклучуваат упорна температура, осип, болка во стомакот и повраќање.

Во други делови на Америка и Европа, исто така се хоспитализирани деца од болеста која сега се нарекува педијатриски мулти-системски инфлматорен синдром (ПИМС).

Околу 23 отсто од случаите станува збор за деца помлади од пет години, околу 29 отсто деца меѓу пет и девет години, близу 28 проценти на возраст меѓу 10 и 14 години и 16 отсто на возраст меѓу 15 и 19 години.

Поврзани содржини