Во Грција 15 новозаразени, еден пациент почина

187

Од почетокот на епидемијата со ковид-19, во Грција регистрирани се вкупно 2.678 позитивни случаи, од кои 15 се нови, а починаа вкупно 148 лица, меѓу кои и едно лице кое почина во изминатото деноноќие, според податоците кои попладнево ги соопшти шефот на експертската комисија за новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас.

Приклучени на апарати се лекуваат 33 лица, а 85 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.






Досега во Грција анализирани се 90.043 примероци, а 2.991 повеќе од вчера.

Поврзани содржини