Тимот на Иван Ѓикиќ ја откри „Ахиловата пета“ на коронавирусот

Нашите резултати нудат возбудлива можност „двоен удар“ како тераписка стратегија чија цел е PLpro: запирање на ширење на вирусот и засилување на човечкиот имунолошки систем истовремено, објаснува професорот за Јутарњи.хр.

2,413
Научници под водство на Ивана Ѓикиќ, професор на Универзитетот Гете и директор на Институтот за биохемија 2 во Франкфурт идентификувале PLpro на новиот коронавирус како есенцијален вирусен ензим и неговата потенцијална „Ахилова пета“, пишува Јутарњи.хр.Ензимот PLpro е потребен за обработка на вирусни полипептиди и за собирање на нови вирусни честички внатре во клетките на човекот. Освен тоа, ковид-19 го користи овој ензим за придушување на антивирусниот имунолошки одговор, помагајќи му на вирусот да го обликува имунолошкиот состав на домаќинот во своја корист.

Со тоа, вирусот може лесно да се размножува и да се шири понатаму. Научниците докажале дека нековалентен инхибитор (GRL-0617) го блокира ширењето на вирусот и ја зголемува отпорноста на SARS-CoV-2 во епителните станици, кои се првобитно место за влез на патогенот.

– Нашите резултати нудат возбудлива можност на „двоен удар“ како тераписка стратегија чија цел е PLpro: запирање на ширењето на вирусот и зајакнување на човечкиот имунолошки систем истовремено – објаснува професот Ѓикиќ, водечки автор на работата кој е достапен на репозиториумот на препринтот на Research Square.

Тој нагласил дека студијата за „Ахиловата пета“ на вирусот SARS-Cov-2 е резултат на успешна соработка на Институтот за биохемија 2 со Институтот за медицинска вирусологија, а за експерименталните податоци, реагенсите и совети придонеле и други научници од Франкфурт, Минхен, Фрибург…

Овие резултати даваат целосна научна основа за понатамошни клинички испитувања на лекови чија мета е ензимот PLpro на коронавирусот. На пример, во САД се спроведува клиничко тестирање на лекот „фамотидин“, кој би можел да дејствува на ензимот PLpro на коронавирусот.

– Ова е многу возбудлива вест. Меѓутоа, целна активност на „фамотидинот“ на вирусен PLpro засега не е потврдена. Исто така, во клинката мораме да бидеме мошне внимателни затоа што реакциите на пациентите на новите анти-PLpro терапии може да се разликуваат ако се применат во ран или во доцен стадиум на ковид-19 – истакнува Ѓикиќ.

 

 

Поврзани содржини