За еден од обвинетите помагачи е изречена затворска казна од 10 години, а за вториот е изменето кривичното дело, па по одлука на судот, постапката за овој обвинет ќе продолжи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.
Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството, па во тој дел од пресудата ќе биде поднесена жалба.