Го нападнале Рајан Гослинг за невоспитување на децата, Ева Мендес првпат проговори за нив

661

Актерката Ева Мендес објави селфи на Инстаграм и напиша дека е „изморена мајка“. Како што објаснила, таа останала будна долго во ноќта за да се подготви за роденденската прослава на нејзината ќерка со Рајан Гослинг.

Една од нејзините пријателки го доведе под знак прашање колку Рајан се грижи за своите деца. Како што може да се заклучи, Ева изгледа како самохрана мајка која се бори, а судејќи според објавите на Инстаграм, Рајан воопшто не се грижи за децата.






„Здраво Ева, се надевам дека ќе одговориш на моето прашање. Јас навистина те сакам, но вчера видов дека некој искоментира нешто за што веќе размислував. Мајките се чини дека се единствените што се грижат за децата. Јас исто така се грижам за моите но и мојот сопруг исто така се грижи. Фер е да признаеме колку се обидуваат татковците. Понекогаш вие изгледате како самохрана мајка која се бори, а знаеме дека имате сопруг, но според вашето пишување, се чини дека тој ја остави целата работа на вас и не ви помага.“

„Благодарам за искрениот коментар, еве го мојот искрен одговор“, започна таа.

Таа додаде дека го користи Инстаграмот за да се поврзе со мајките и да зборуваат за мајчинството.

„Ги сакам жените, сакам да се поврзам со жени. Затоа го имам овој профил. И кога ќе кажам дека сум изморена мајка, сакам да се поврзам со други изморени мајки, не сакам да ги исклучувам татковците и другите што се грижат за децата. Тоа е само мојот начин за Јас да се поврзувам со мајките на начин што не ги оценува напорите на татковците. Не зборувам за Рајан или за сите прекрасни работи што тој ги прави како татко затоа што сакам да го задржам тој дел приватно. Не сакам да се мешам со него или да зборувам за неговото родителство затоа што тоа ги надминува границите што ги поставив“, напишала Ева.

Таа истакна дека било полесно да споделува работи за себе без да ги вклучва во тоа мажот и децата.

„Не сакам да бидам затворена, но сакам да ја задржам приватноста“, додала таа.

„Благодарам за овој коментар. Јас навистина го почитувам вашето прашање. Сакам кога навистина можеме да комуницираме, убаво е чувството“, заклучила таа.

 

Поврзани содржини