Том Хенкс донираше крвна плазма: Ова ќесе може да спаси живот на тројца луѓе ФОТО

437

Неколку недели откако во јавноста излезе веста дека актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон успешно се излекувани од коронавирусот, Хенкс на својот твитер-профил објави фотографија од болницата во текот на донирањето крв.

Славниот пар реши да ја донираат својата крвна плазма, бидејќи тие во себе носат антитела што можат да им помогнат на оние кои сè уште се борат со смртоносниот вирус.






„Ова е фотографија од ќесето со крвна плазма е од минатата недела. Каква ќесичка! По средената документација, ова ми дојде како одмор“, напиша Хенкс на Твитер.

Нивната крв, како и крвта на сите волонтери кои го преболеле вирусот, ќе се користи во медицинското истражување со кое се обидува да се најде лек за ковид-19.

Том Хенкс и Рита Вилсон беа меѓу првите познати личности кои јавно признаа дека заболеле од ковид-19.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини