Кај Музеј на современа уметност вечерва во 20 часот ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона“. Музичката група EYE CUE ќе одржи едночасовен концерт, соопшти Град Скопје.
За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред:
– Христина Зафировска – 25 април, сабота од 12 часот. ( видео – визуелни уметности )
– Артан Кастрати – 25 април, сабота – парк Топанско Поле од 17 часот.
– Funk Shui – 25 април , сабота – кај Млечен од 18 часот.
– Musaiq – 25 април, сабота – кај Млечен од 20 часот.
– Гоце Илиевски , 26 април, недела од 11.30 часот.( видео – визуелни уметности )
– Арда Мустафаоглу 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12 часот.
– Емилија Потевска Попивода, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.30 часот.
– Дуња Иванова 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 13 часот.
– Силви Бенд, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 14 часот.
– Pluto’s Doubts 26 април, Аеродром , кај Стела од 18 часот.
– South Park 26 април, Аеродром, кај Стела од 20 часот.
Сите настапи ќе биде стримувани на:
– фејсбук страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs
– Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сѐ да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/
Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:
Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и
Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.