Владата им препорача на административците да инсталираат „Стоп корона!
Фондот за здравствено осигурување треба да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Северна Македонија на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!“
Владата синоќа на седница одлучи да им препорача на сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.
За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување да ги задолжи сите матични лекари на територијата на Република Северна Македонија на своите пациенти да препорачаат преземање (инсталирање) на мобилната апликација „Стоп корона!“
Се задолжува Службата за односи со јавност на Владата да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата.
Министерството за информатичко општество и администрација се задолжува да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.