Помалку верници во црквите во Делчевско
Според старите обичаи во зори на Велики четврток се вапсува барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова. Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце, второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството, додека третото вапцано јајце за бериќет и за стоката, вели Виолета Стојковска.
Верниците од делчевско денеска во помал број присуствуваа на црковната богослужба што се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод Велики Четврток.
Можеби ќе ве интересира
– Според старите обичаи во зори на Велики четврток се вапсува барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова. Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце, второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството, додека третото вапцано јајце за бериќет и за стоката, вели Виолета Стојковска.
За утре, според најавеното во делчевските цркви ќе биде зајакнато присуството на полициските службеници кои ќе контролираат дали се почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19.
Во Делчево до денес има 23 лица во самоиолација. Нема регистрирано позитивен случај на коронавирус.