Димковски: Зелените пазари наскоро ќе се отворат, го решавме проблемот со движење на земјоделците

Димковски посочи дека производството на храна мора да продолжи да се одвива непречено и во наредниот период, а земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности

426

Засега нема никаков притисок врз сигурноста на храната, но земјоделците се соочуваат со потешкотии во пласманот на земјоделски производи поради пандемијата со коронавирусот. Зелените пазари дадовме препорака, да се отвораат зависно од оценките на оптинските кризни штабови, а извозотсе одвива добро.Зголемени се субвенциите за женско јагне и се решаваат проблемите со движењето на земјоделците за време на полициски час. Ова денеска го изјави на прес – конференција министерот за земјодлество Трајан Димковски.

– Еден дел пазарите се отворени и работат а другите дали ќе работат  зависни од проценките на раководствата на  јавните претпријатија кои стопанисуваат со нив, како и проценка на локалните кризни штабови. Но земјоделците се инвентивни и наоѓаат начин како даго пласираат производот. сепак, очекуваме во наредниот период повеќе елени пазари да се отворат – рече Димкоски.






Димковски посочи дека производството на храна мора да продолжи да се одвива непречено и во наредниот период, а земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности за што се создаваат услови преку обезбедување дозволи земјоделците кои не се регистрирани да можат да одат на своите ниви.

–  Со МВР е договорено  за празниците земјоделците кои не се регистрирани и немаат дозвола да можат во кризните штабови на општините да се најавуваат каде ќе одат и колку време ќе им биде потребно да се задржат на нивите. Земјодлеците ја определуваат рута на движење и времето кое им е потребно – појасни Димковски.

Тој информираше за најновите мерки на владата поврзани со ослободување на плаќање на закуп на државно земјиште.

– Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12-ти ноември 2020 година. До истиот рок, нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина – рече Димковски.

Владата, како што информир тој го продолжи рокот и за  склучување на договори на производителите на тутун со регистрираните откупувачи на тутун. тој рок е  до 30-ти април.

– Ги ставивме во мирување роковите за сите јавни повици за поднесување проекти и реализација на инвестиции од Националните програми и од ИПАРД 2 програмата. Со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло – рече  Димковски.

Покрај оваа поддршка министерот Димковски истакна дека, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според Законот за трговски друштва, ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај.

Поврзани содржини