Во Словенија масовно тестирање за да се дознае вистински број на заразени со коронавирусот

235

Словенечката Влада објави дека дополнително ќе го интензивира тестирањето за коронавирусот бидејќи сака да добие реална слика за тоа колку граѓани се инфицирани.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, дополнителните тестирања ќе се направат во сите региони на државата и ќе бидат опфатени сите старосни категории граѓани. При изборот на лицата кои ќе се тестираат нема да биде важно во каква здравствена состојба се.






Резултатите од овие масовни тестирања ќе бидат одлучувачки за динамиката на постепеното укинување на ограничувањата донесени поради епидемијата.

Инаку, Словенија и досега беше една од земјите со најголем број тестирања по глава на жител. Во земјата со два милиони граѓани се направени речиси 40.000 тестирања за коронавирусот.

Поврзани содржини