Сопругата на Том Хенкс: Стручњаците ни рекоа како сме се заразиле со коронавирусот

6,509

Актерката и пејачка Рита Вилсон открила како таа и нејзиниот сопруг Том Хенкс се заразиле со коронавирусот пред повеќе од еден месец, и како се чувствувала во текот на траењето на вирусот.

Рита објаснила дека на нејзе и на Том им рекле дека биле истовремено изложени на вирус од истата личност, но дека не знаеле каде или кога се случило тоа, затоа што никој од нивните блиски контакти, соработници или семејство не се позитивни на тестирањето.






– Австралиските функционери ни рекоа дека веруваат дека сме се заразиле или во Америка или во текот на патувањето во Австралија, каде Том снимаше филм, а јас имав турнеја на која го промовирав мојот нов албум – рекла Рита.

Рита објаснила дека се чувствувала многу изморено, непријатно и дека не може да поднесе некој да ја допира. Го изгубила чувството за мирис и вкус. Том немал толку изразени симптоми.

Откако поминаа 14 дена во австралиската болница, парот беше пренесен во куќа каде што се самоизолираа, а отпосле се вратија во САД, каде ја продолжиле својата изолација сè додека не се почувствуваат целосно здрави.

 

 

 

Поврзани содржини