Фармацевтската групација „Новартис“ во Република Северна Македонија (Претставништво на „Новартис Фарма“ и „Лек“ Скопје член на компанијата Сандоз), донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот ковид-19, кој доби пандемски размери.
Како компанија на којашто општествената одговорност ѝ е еден од главните приоритети, сметаат дека вложувањето на компаниите во услови на пандемија е исклучително важно. Токму поради тоа, Претставништвото на „Новартис Фарма“ и „Лек“ (Сандоз) одлучија да одговорат на предизвикот и да дадат своја поддршка на надлежните институции во справувањето со состојбата предизвикана од ковид-19.
Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја.
Глобалната швајцарска компанија „Новартис“, од која е дел и „Лек“ (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. „Новартис“ е силно посветен во глобалната битка против ковид-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи.