Агенцијата за храна и ветеринарство е максимално посветена на исполнување на законските обврски за контрола на безбедноста на храната и здравјето на граѓаните и ниту во еден случај, не е доведено во прашање нормалното функционирање на институцијата. На максимално високо ниво во Агенцијата имплементирани се сите препорачани безбедносни мерки и препораки од владата и Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19. Ова е ракцијата на АХВ по информацијата дека нивна вработена е позитивна на коронавирусот.
– Како превенција, седум други вработени кои биле во контакт со вработената која не доаѓа на работа од 2 април, односно една седмица, минатата недела се испратени во домашна изолација. Уште денес е направена реорганизација на Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, и тој продолжува да работи непречено. Министерството за здравство ги реализира епидемиолошките анкети со вработените, по што ќе се одлучи колку луѓе ќе бидат дополнително ставени во изолација, за што дополнително ќе известиме – информира АХВ.