Шокирани фанови: Популарниот актер снимен додека дави обожавателка! ФОТО+ВИДЕО

898

Езра Милер (27), кој сите ги воодушеви со улогите во филмовите „Мораме да разговараме за Кевин“, „Чарлиевиот свет“ и серијалот „Фантастични ѕверки“, од самиот почеток на кариерата го привлекуваше вниманието во јавноста. Сепак, овие денови за него не се зборува за актерските квалитети туку за ексцентричниот стил на облекување и однесување.

На социјалните мрежи, имено, кружи снимка на која актерот буквално дави непозната жена!






Снимата трае само неколку секунди, а на неа се гледа како Милер разговара со девојка пред некој паб, и ја прашува: „Сакаше да се тепаш?“, а потоа ги става рацете на нејзиниот врат, ја фрла и ја дави. На снимката може да се слушнат и момчиња кои сето тоа го снимаат, а едниот од нив во еден момент му вели на актерот: „Брате, брате, брате“.

Сè се случува многу брзо и снимката трае само неколку секунди, но сепак истата успеала да ги шокира фановите на Езра Милер, бидејќи, како што пишува, девојката од снимката што ја дави е една од неговите обожавателки.

Како што пишува магазинот „Варијети“, сѐ се случило на 1 април, а наводно актерот ги изгубил нервите во текот на разговорот со премногу возбудените млади фанови. Очевидците додале дека Милер бил замолен да го напушти објекото, кој инаку редовно го посетува.

Сѐ уште не е познато дали против актерот е поднесена пријава, а твитерашите веќе му предвидуваат крајна кариерата и покрај шегите на неговата сметка го ставаат хаштагот #EzraMillerIsOverParty (Езра Милер е завршена забава).

Ezra Miller | Actor Ezra Miller attends press interviews at … | Flickr

Ficheiro:Ezra Miller by Gage Skidmore.jpg – Wikipédia, a ...

Поврзани содржини