Скопјанец со четирицикл паднал во река и починал

Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил изваден од реката од случаен минувач, а лекарите од Итната медицинска помош констатирале смрт.

3,024

Вчера околу 19.40 часот во МВР било пријавено дека на локалниот пат во скопското село Глуво, 43-годишниот Г.Ј. од Скопје изгубил контрола над четирициклот и паднал во Бањанската река.

Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил изваден од реката од случаен минувач, а лекарите од Итната медицинска помош констатирале смрт.






Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани содржини