Прошетајте виртуелно во македонскиот Парламент
Поради пандемијата сите огранизирани посети на зградата се одложени.
Со прогласувањето на состојба на пандемија од страна на Светската здравствена организација и согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија од 11 март 2020 година сите активности наменети за јавноста, како и организирани посети на зградата на законодавниот дом се одложени до нормализација на ситуацијата.
Во меѓувреме, секој што би сакал да ја разгледа внатрешноста на зградата, тоа може да го направи преку виртуелната тура, на линкот http://vtour.sobranie.mk/.