„Куманово-Гас“ ја прошири дистрибутивната мрежа

За почеток очекуваме да се прилучат десет станари од едната од колективните станбени згради, нови приклучоци очекуваме наредниот период, изјави директорот на компанијата.

329

„Куманово-Гас”  во текот на месец март ја прошири дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 300 метри на улица „Димитар Влахов“ и дел од улица „Ленинова“, поточно на потег од црквата „Св.Никола“ до улица „Ленинова“ или зад станбените згради над познатите „скопски дуќани”.

– За почеток очекуваме да се прилучат десет станари од едната од колективните станбени згради, нови приклучоци очекуваме наредниот период. Претходно ја завршивме и дистрибутивната мрежа на „Окотмвриска револуција“ кај станбените единици зад поранешен „Жито-мел“ – изјави директорот на претпријатието, Никола Денковски.






Од претпријатието ги информираа заинтересираните граѓани од овие делови од Куманово дека се создадени технички услови за приклучување на нивните индивидуални и колективни станбени објекти на дистрибутивниот гасоводен систем на град Куманово.

–  За подетални информации за постапката за приклучување, можат да се обратат во просториите на претпријатието, или со оглед на вонредната состојба во која се наоѓа државата на нашиот официјален емаил: [email protected] како би добиле одговор на прашањата, а можат да не контактираат и претставник од станбените домари – додава Денковски

Поврзани содржини