Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната 29-та владина седница информираше за поставувањето на Националната платформа за е-настава која од денеска ќе се користи во образовниот процес за време на вонредната состојба, соопшти владината прес-служба.
Адеми информирал дека се работи на решение за учениците кои немаат пристап до интернет.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за земјоделско земјиште.