Тројца гостиварци не се придржувале на забраната за движење, се бара казна и за арачиновец

250

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Двајца од обвинетите на 23 март  во 21:30 часот, а третиот во 22:05 часот,  за време на епидемијата на опасна болест Ковид 19 не постапиле според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот. Тие се движеле низ подрачјето на градот во време на забрана за движење на населението од 21:00 до 5:00 часот, соопштиЈавното обвинителство.






Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложил на судот, на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за издавање казнен налог против жител на Арачиново, кој се товари за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, при влез на граничниот премин Табановце на 17 март, доаѓајќи од Швајцарија како ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид – 19, потпишал изјава дека ќе остане во задолжителна домашна самоизолација во период од 14 дена. При извршена проверка, на 19 март не бил пронајден во неговиот дом во Арачиново, соопшти Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од 20 евра.​

Поврзани содржини