Спасовски: Земјата ги започнува преговорите за членство во ЕУ

1,364

На денешната прес-конфереција премиерот Оливер Спасовски, заедно со Никола Димитров и Бујар Османи соопшти дека земјата ќе ги започне преговорите за влез во Европската Унија.

– Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија. Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции. Собранието, владата и судството да ги спроведат реформите кои ги поставивме како цел уште во 2017 година – рече Спасовски.






Тој додаде дека дополнително Владата по барање на Европскиот совет ги покрена сите механизми да го завтори реформскиот процес во четири главни области.

– Судството и владеење на правото

– Реформа на разознавачките служби

– Реформа во јавната администрација

– Борбата против криминалот и корупцијата

– Постигнавме завидни резултати во сите од овие области, а тоа беше секоја година верификувано во извештаите на ЕК и со резолуциите на Европскиот парламет. Од денес тоа едногласно го верификуваат и државите-членки во Европската унија – изјави Спасовски.

Техничкиот премиер им се заблагодари и на институциите на ЕУ и на државите членки за, како што рече, исправната одлука којашто денеска ја усогласиле.

– Благодариме што ги отворивте вратите за преговорите и што ни давате фер шанса да преговараме за членство во ЕУ. Нашите граѓани и институции таа шанса цврсто ќе ја зграпчат и максимално ќе ја искористат – порача Спасовски.

Тој ги замоли граѓаните да им помогнат и во исто така другата битка важна за нас, да ги почитуваат препораките на Владата и заедно да ја добиеме битката за живот, против вирусот Ковид-19.

 

Поврзани содржини