Димитров – Рот: Потребна е европска солидарност и заедништво во битката против Ковид-19
Тој додаде дека очекувањата се Советот за општи работи кој треба да се оддржи на 24 март да даде зелено светло за Македонија и за Албанија, особено по големиот влог на Македонија.
Очигледно светскиот поредок од тотална глобализација изминатиов период поради коронавирусот отиде децении наназад и закажан посета со Рот која требаше да биде во контекст на нашите европски аспирации принудени сме да ја водиме преку видеоконференциска врска, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на видеоконференцијата со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.
– Во овие тешки моменти со Михаел сакавме да демонстрираме европска солидарност. Очигледно е дека Ковид-19 не познава граници и не напаѓа сите. Неопходно е вклучување на земјите од Западен Балкан во сите платформи на унијата за координац и справувување со вирусот. Пораката до ЕУ е добро да ја разгледа можноста да даде подршка за ублажување на последиците од коронавирусот за нашиот регион пренасочувајќи средства од ИПА фондовите кон нашите држави. Сите држави ги ограничија патувањата но многу е важно да се обезбеди непречен премин на стоката на превозниците, да се работи на проблемот со затекнатите граѓани на аеродроми и на граничните рампи и тука треба да имаме солидарност. Време е да покажеме европска солидарност – рече Димитров.
Тој додаде дека очекувањата се Советот за општи работи кој треба да се оддржи на 24 март да даде зелено светло за Македонија и за Албанија, особено по големиот влог на Македонија.
– Многу важно ќе биде после таков влог од Северна Македонија да ја преминеме линијата – рече Димитров и му се заблагодари на Рот за германската поддршка и посветеноста на Македонија.
Рот преку видеоконференциската врска ги поздрави граѓаните на Македонија, им посака здравје и како што рече сите да почуствуваат дека не се сами.
– Се согласувам со Димитров дека сме обврзани на солидарност. Вирусот е меѓународна проба, државите мора да бидат подготвени да им помогнат на послабите. Држави како Германија стојат пред голем предизвик, мора да ги заштитиме нашите луѓе но мора и економските и социјални последици да ги видиме. Вие во Северна Македонија имате тешко време, државата презема стриктни мерки и се надевам дека овие мерки ќе дадат придонес, дека ќе останеме здрави. Треба да ја зголемиме нашата техничка поддршка кон државите на Западен Балкан. И кај нас има недостатоци на техничка опрема, но треба се да сториме луѓето да останат здрави или да оздрават- рече Рот.
Тој додаде дека голем проблем е враќањето на граѓаните, но и дека тука треба да ја пришириме соработката.
– Знам дека во Македонија има разочарување за одлуката на ЕУ. Вие направивте храбри чекори. Важно е ЕУ да стои на своето ветување. Сега претстојат следните преговор во Советот за општи работи. Владата ги продолжи реформите, продолжете понатаму, ги охрабрувам граѓаните дека мора да се соработува за евроска перспектива. Во време на корона паника се надевам дека ние, Советот за општи работи ќе испорача. Работиме на тоа Советот виртуелно да заседава. Ни треба одлука за почнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. За новата мтетодологија успеавме и создадовме предуслов за уште посилни пристни прегопвори да бидат насочени кон владеење на правото. Водев многу разговори за одлуките на Советот со нашите пријатели во Холандија и Данска. Оптимист сум дека ќе ни успее да се даде зелено светло. Значанјно е во Европа да делуваме заедно – рече Рот.
Тој додаде во моментов преговараат во ЕУ за финансиите и дека е многу значајно соодветни економски средства да биадт дадени и за Македонија.