СЗО го координира тестирањето на неколку лекови за Ковид-19
Според него, ова големо меѓународно истражување е осмислено да ги генерира потребните податоци, за да се покаже кои третмани се најадекватни.
Светската здравствена организација (СЗО) го координира тестирањето на неколку можни лекови за Ковид-19, изјави директорот на организацијата Тедрос Адханом Геберејсус.
– Повеќеслојните помали испитувања со различни методи можеби ќе ни овозможат јасни, силни докази, што ни се потребни за да утврдиме кој третман помага при спасувањето на животите – рече Тедрос на прес конференција, пренесоа британските медиуми.
Според него, ова големо меѓународно истражување е осмислено да ги генерира потребните податоци, за да се покаже кои третмани се најадекватни.