Нови седум заболени со Ковид 19 во Србија, вкупно 72 лица

Од последниот извештај до денеска во 18 часот, тестирани се примероци на 39 лица, од кои седум се позитивни и 32 се негативни за новиот коронавирус.

240

Во Србија денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 72 потврдени случаи на заразени со коронавирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“.

Од последниот извештај до денеска во 18 часот, тестирани се примероци на 39 лица, од кои седум се позитивни и 32 се негативни за новиот коронавирус.






Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека четири лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба.

До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 374 лица.

Поврзани содржини