Чулев: Не патувајте во странство, ако сте надвор не доаѓајте во земјава

Министерот порача да се почитуваат пропишаните мерки за заштиа од Ковид - 19 и апелираше до македонските граѓани кои живеат и рабоат во странство да останат во земјите каде што престојуваат за да не заглават по патиштата, но и да се спречи ширење на коронавирусот.

353

Граѓание да се воздржат од патување во странство и од собирање во поголеми групи во текот на денот, порача минисерот за внатрешни рабои Наќе Чулев кој денеска одржува прес – конференција пред МВР во контекст на пропишаните мерки за зашита од коронавирусот.

– Токму од тие причини оваа прес конференција ја одржуваме на отворен простор и така ќе продолжиме и во наредниот период – рече министерот.






Тој додаде дека поради непочитување на мерките за самоизолација се води постапка против   лица од Тетово, Струмица и четворица во Скопје.

– Во постојана комуникација сме со ОЈО поради поднесување кривини пријави против тие лица- рече минисерот.

Тој информираше дека е отворена посебна телефонска линија и е – маил за пријавување на случаи на прекршување на мерките.

Министерот порача да се почитуваат пропишаните мерки за заштиа од Ковид – 19 и апелираше до македонските граѓани кои живеат и работат во странство да останат во земјите каде што престојуваат за да не заглават по патиштата, но и да се спречи ширење на коронавирусот.

– Има многу граѓани кои што се на привремена работа во странство, лица кои живеат во странство, се ближат и Велигденските празници и во католичките земји, така да апелирам воопшто да не се обидуваат да доаѓаат во нашата држава бидејќи постои сериозна можност истите да бидат заглавени на граничните премини, но и да ја донесат заразата во нашата држава. Оние луѓе кои се заглавени, апелирам да останат таму каде што се. Доколку има потреба, ќе се организира хуманитарен конвој меѓутоа тоа е многу тешко, затоа што граничните премини не се контролирани од МВР, туку тоа зависи од одлуката на други држави – порача Чулев.

Министерот информираше и за спроведените полициски контроли.

– Затворени се седум угостителски објеки и поднесени се соодвени кривични пријави – рече Чулев кој додаде дека во Скопје се направени 72 контроли на угостителски објекти, а такви конроли се направени низ повеќе градови во земјава.

Тој најави дека скопскиот аеродром ќе биде затворен утре.

Министерот оцени дека безбедносниот ризик од мигрантите постои и апелира до државите кои имаат свои припадници на нашата јужна граница да не ги повлекуваат.

– Безбедносниот ризик од мигрнтите стои и понатаму. На јужната граница имаме 130 припадници на други држави, од кои 10 повлече Србија и сега остануваат 120. Апелирам до сите држави да не ги повлекуваат полицајците кои патролираат на јужната граница – изјави Чулев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека Србија ги повлекла полицајците и од пунктовите каде имаме заедничка контрола на границата.

Во одговор на новинарско прашање во врска со враќање на лицата од крузер, а кое е организирано преку Србија, рече дека станува збор за седум лица од кои едно лице е задржано во Белград,  а од шесте лица двајца се албански државјани и се упатени кон Албанија, а четворица наши државјани и се задржани на Инфективната клиника.

Во земјава во текот на последното деноноќие влегле  2.019 граѓани, а за излез се регистрирани 1.331.

 

Поврзани содржини