Владата ги охрабри телевизиите на пресовите да не ги праќаат снимателите
Видео материјалот ќе може да го преземат од владиниот канал
Пес службата на владата денеска ги охрабри телевизиите да ги намалат екипите и да не ги испраќаат снимателите на прес-конференциите кои се одржуваат во Медија центарот на владата бидејќи видеото ќе можат да го преземат.
Ова денеска од владината прес служба беше соопштено во поканата за прес-конференцијата на која за воведенета кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и за актуелната состојба за спроведувањето на мерките за справување со корона вирусот, ќе зборува претседателот на владата Оливер Спасовски.
Повод за ваквиот предлог се препораките за заштита од коронавирусот.
„Ве охрабруваме на прес-конференцијата да дојдете без вашите сниматели за да ги следиме препораките за превенција и заштита од коронавирус, и видео материјалот од настанот да го преземете од нашиот стрим во живо (https://youtu.be/JbqttZ16mRs) кој е во висока ХД резолуција“, пишува во соопштението за прес-конференцијата.