Кинески експерт тврди: Ако светот преземе рестриктивни мерки коронавирусот ќе биде под контрола во јуни

Тој ги повика сите земји да преземат мерки на државно ниво за превенција и контрола на коронавирусот.

1,171

Пандемијата на Ковид-19 ќе биде под контрола во јуни доколку сите погодени земји сериозно спроведат рестриктивни мерки за контрола на државно ниво, изјави Џунг Наншан, познат кинески експерт за респираторен систем и шеф на стручната група за борба против коронавирусот.

Тој предупреди дека многу земји се уште не преземаат сериозни мерки и повика на јакнење на меѓународната комуникација за новиот коронавирус при глобалното ширење, објави Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).






– Коронавирусот летен период е помалку активен кога температурата е релативно висока – истакна Џунг.

Меѓутоа, според него, крајот на пандемијата на Ковид-19 зависи од мерките кои ги презема секоја земја.

– Ако повеќето погодени земји сериозно преземат мерки, верувам дека епидемијата ќе заврши до крајот на јуни – нагласи кинескиот експерт.

Светската здравствена организација во средата најави дека заразата со коронавирусот прераснала во пандемија.

– Тоа е највисоко ниво на предупредување – нагласи Џунг.

Тој ги повика сите земји да преземат мерки на државно ниво за превенција и контрола на коронавирусот.

– Имајќи ја предвид силната инфективност на вирусот, неопходна е интервенција на државно ниво – додаде Џунг.

Досега во светот се потврдени 145.853 случаи на заразени со Ковид-19, починати се 5.438, а оздравени 72.550 лица.

Поврзани содржини