СВЕЖО УТРО ВО СРЕДИНА НА ЈУНИ Македонија се разбуди со температури под просекот
Утринските температури на повеќе места се спуштија под 10 степени, но денот ќе биде сончев и стабилен со температури до 29 степени.
Денешното утро во Македонија донесе претежно ведро и невообичаено свежо време за овој период од годината, со температури пониски од просекот за месец јуни. На повеќе места низ државата утринските температури се спуштија под 10 степени Целзиусови.
Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево и стабилно, со појава на мала локална облачност.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 29 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе достигне околу 27 степени Целзиусови.
И покрај свежиот почеток на денот, граѓаните ќе можат да уживаат во пријатно и стабилно време, без најава за врнежи и позначителни временски промени.
Повеќе детали од метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.